Утрово во СВР Скопје, 29-годишна жена од Скопје пријави дека на 13 мај околу пладне во семејниот дом на подрачјето на Центар, таа и нивните две деца, биле физички нападнати од нејзиниот вонбрачен партнер Ш.Г. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера вечер во СВР Скопје, 66-годишна жена од Скопје пријави дека подолг период таа и нејзиниот сопруг биле малтретирани од нивниот 19-годишен внук М.Т., кој им барал пари и им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера попладне во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Струмица пак, лишија од слобода 31-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот брат. Тој е задржан во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.






