недела, 17 мај 2026

Меѓународниот кривичен суд издал тајни потерници за пет израелски функционери

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издал тајни налози за апсење против уште пет израелски функционери — тројца политичари и две воени лица, објави денес израелскиот весник Харец.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа вест доаѓа откако судот со седиште во Хаг во ноември 2024 година веќе издаде потерници по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Меѓународниот кривичен суд сè уште не се огласил за овие наводи.

Доколку извештајот се потврди, вкупниот број израелски функционери на кои им се заканува апсење по налог на судот би пораснал на седум.

Во двегодишната војна што трае во Појасот Газа од октомври 2023 година, израелската војска убила повеќе од 72.000 луѓе, главно жени и деца, а ранила повеќе од 172.000 лица.

Според податоците на Министерството за здравство во Газа, војската продолжува со нападите и покрај примирјето што стапи во сила на 10 октомври 2025 година.

Оттогаш се убиени повеќе од 870 луѓе, а над 2.540 се ранети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ