Истражувањето го водеше Џунхао Вен од Колеџот за лекари и хирурзи „Вагелос“ при Универзитетот Колумбија, а беа анализирани податоци од околу половина милион учесници од базата на податоци „Биобанк“. Користејќи машинско учење, научниците ја проценуваат биолошката возраст на еден организам преку 17 системи и врз основа на повеќе од 20 биолошки маркери.
Резултатите покажаа таканаречена У-крива на односот помеѓу спиењето и стареењето, луѓето кои спиеле помалку од шест часа, како и оние кои спиеле повеќе од осум часа, покажале знаци на побрзо стареење. Најповолни резултати се забележани кај испитаници кои спиеле помеѓу 6,4 и 7,8 часа.
Авторите нагласуваат дека ова не значи дека спиењето директно предизвикува стареење, туку укажува на силна поврзаност помеѓу траењето на сонот и целокупното здравје на организмот.
Студијата, исто така, го поврзува краткиот сон со депресија, анксиозност, дебелина, дијабетес тип 2, хипертензија и срцеви заболувања. И премалку и премногу спиење се поврзани со заболувања на белите дробови и дигестивниот систем.
Дополнителни анализи покажаа дека недоволно сон може да има директно влијание врз оптоварувањето од болести, додека долгиот сон почесто се поврзува со депресивни промени и биолошки дисбаланс.






