Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус.
2Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – варијанта андес, односно има соодветни услови за интензивна нега, механичка вентилација и респираторна поддршка – се наведува во соопштението.
„Комисијата додава дека варијантата андес, за разлика од другите варијанти на хантавирусот, има можност за пренос од човек на човек при подолг и близок контакт, но важно е, се нагласиува, дека преносот не е брз и лесен како кај коронавирусните инфекции“, стои во соопштението од Министерството.






