Првиот случај бил регистриран вчера попладне на улицата „Илинденска“ во Тетово, каде полициски службеници привеле 17-годишен малолетник од село Ново Село, општина Боговиње. При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Малолетникот бил задржан во полициска станица, а во присуство на родител со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Три часа подоцна во тетовското село Жеровјане, полициски службеници од полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода М.Р. од гостиварското село Дебреше.
При контролата кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Осомничениот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






