петок, 15 мај 2026

Рубио: Украинските вооружени сили се најмоќните во Европа

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, синоќа изјави дека „украинските вооружени сили во моментов се најмоќните во Европа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нема сомнение дека потребата од водење на оваа војна ги принуди Украинците да развијат нови тактики, нови техники, нова опрема и нови технологии, создавајќи форма на хибридно и асиметрично војување. Тоа е секако импресивно“, изјави Рубио за Фокс њуз.

Русите губат пет пати повеќе војници месечно од Украинците, иако Украина е помала земја со помала војска, „благодарение на значајната помош што ја добија, но и благодарение на искуството што го стекнаа на бојното поле“, додаде Рубио.

Американскиот министер повтори дека неговата земја сака да го „олесни дипломатското решавање на конфликтот и да игра посредничка улога“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ