Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици и внатрешни премини.
За книгата ќе говорат новинарот и публицист Зоран Бојаровски и новинарката Катарина Синадиновска, кои во своите осврти го истакнуваат нејзиниот „он роуд“ карактер, специфичната атмосфера и емотивната нарација.
„Во Акрата нема мостови“ е втор роман на Бошњаковски, по „Погром – записите на Рафаел Дорон“. Лектор на изданието е Јордана Шемко Георгиевска, уредник Ана Мартиноска, дизајнот е на Бојан Ивановиќ, а уредник за верификација на информации е Јанис Јеруланос.
Книгата веќе е достапна во книжарниците „Или-Или“, „Полица“ спроти СУГС „Јосип Броз Тито“, „Литература“ во „Ист Гејт“, „Сити мол“, „Дајмонд“, на улицата „Македонија“ и во ТЦ „Буњаковец“, како и во книжарниците „Сакам книги“ во Тифани, Лептокарија и „Капитол мол“ во Аеродром. Изданието е достапно и преку онлајн-продажбата на „Литература“, како и во книжарницата „Просвета“ во Охрид.






