четврток, 14 мај 2026

Научници: Неандерталците можеле да изведуваат стоматолошки интервенции (ФОТО)

Тим научници од Русија и САД, врз основа на анализа на древен заб катник пронајден во Сибир, заклучи дека неандерталците биле способни да изведуваат примитивни стоматолошки процедури.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според студијата на која се повикува Сајенс њуз, истражувачите веруваат дека постојат индикации дека неандерталците користеле камени алатки за дупчење на оштетени заби, веројатно во обид да ја ублажат болката, објави РИА Новости.

„Откривањето на древен човечки катник сугерира дека неандерталците понекогаш дупчеле заболени заби со камени алатки, што укажува дека можеби знаеле за можноста за ублажување на силната забоболка со таков третман“, се вели во извештајот.

Заб стар околу 59.000 години е пронајден во пештерата Чагирскаја во Алтајските планини во Сибир и се смета за еден од најстарите докази за можни стоматолошки интервенции кај хоминидите.

Истражувачите наведоа дека на забот се гледа голема дупка што се протега од површината за џвакање до забната комора, што укажува на намерно дејствување, а не на природно оштетување.

Антропологот од Универзитетот во Аризона, Џон Олсен, оцени дека наодот укажува на високо ниво на рачни вештини и когнитивни способности потребни за извршување на вакви интервенции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ