четврток, 14 мај 2026

Вардар прекомандува играч од младинците во првиот тим, му даде тригодишен договор

Никола Нечовски, ракометар од младинската школа на Вардар, доби промоција во првиот тим на црвено – црните.

Објавено на

часот

Сподели

Вардар информираше за потпишување на тригодишен договор со младиот ракометар.

„Промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во сениорска конкуренција ќе добие младиот Никола Нечовски кој беше лично селектиран од страна на Иван Чупиќ и спортскиот директор Владо Недановски. Промоцијата на Нечовски во првиот тим, треба да биде поттик и за сите останати играчи кои се дел од нашите младински категории, дека со сериозен пристап и напредок може да се стигне и до сениорскиот тим. Нечовски во наредната сезона, треба да претставува надополнување на плејмејкерската позиција каде Јака Малус и Матео Фадуил ќе го понесат главниот товар“, стои во соопштението на Вардар.

Нов договор доби и кондициониот тренер Матеј Јовановски кој и наредната сезона ќе биде во стручниот штаб на Иван Чупиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ