Пред гостувањето кај Словачка, селекторот Кирил Лазаров порача дека влогот е огромен и дека сите во националниот тим се свесни за значењето на натпреварот, особено поради континуитетот на настапи на големите натпреварувања, кој носи дополнителен притисок.
„Влогот е многу голем, сите знаеме за тоа и ние и македонската јавност. Континуитетот на големите натпреварувања е уште еден притисок за сите нас. Противникот е неатрактивен, но тоа не значи дека не е квалитетен. Напротив, мислам дека треба да го почитуваме секој противник. Секогаш е тешко да се игра на гости, затоа очекувам тврд и физички тежок натпревар, со многу тензии. Но, сметам дека искуството е на наша страна кога станува збор за вакви натпревари“, изјави Лазаров.
Натпреварот меѓу Словачка и Македонија се игра во Прешов со почеток од 19:00 часот.






