Тој посочи дека на покана на претседателката Гордана Силјановска Давкова присуствувал на отворањето на канцеларијата, која, како што наведе, претставува важен чекор кон поотворени институции и директна комуникација со граѓаните.
Ѓорѓиевски за отворената Народна канцеларија на претседателот: Институциите мора да бидат блиску до народот
Орце Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи информираше дека повторно е отворена Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија во центарот на Скопје.

Објавено на
часот
Сподели
„Народната канцеларија е место каде што секој граѓанин може да биде сослушан, да поднесе претставка, иницијатива, петиција или предлог“, напиша Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека институциите постојат за народот и затоа мора да бидат блиску до граѓаните, изразувајќи надеж дека канцеларијата ќе биде „вистински мост меѓу граѓаните и институцијата претседател“.





