четврток, 14 мај 2026

Русите пробиле дупка во Земјината кора длабока 12.262 метри: Што пронашле и зошто ја затвориле (ВИДЕО)

Десетина километри од градот Запољарни на крајниот северозапад на европскиот дел на Русија, скриена во ладната тундра, се наоѓа Кола супер длабока дупка – најдлабоката што човештвото некогаш ја ископало.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Иако е со дијаметар од само 23 сантиметри, достигнува импресивни 12.262 метри длабочина.

Проектот започнал во 1970 година во Советскиот Сојуз, во близина на границата со Норвешка. Амбициозната цел била да се достигне длабочина од 15 километри и да се истражат претходно непознати слоеви на Земјината кора.

Дупчењето се вршело со специјално дизајнирани машини, вклучувајќи го Уралмаш-4E, а подоцна и Уралмаш-15000, бидејќи тогашната технологијата не била подготвена за такви услови.

И покрај напорите, главното дупчење било запрено помеѓу 1992 и 1994 година на длабочина од 12,2 километри. Главната причина била екстремната температура од околу 200 Целзиусови степени, што го попречувала работењето на машините, како и недостатокот на финансиски средства.

Проектот бил официјално напуштен во 2008 година, а бунарот бил запечатен со метален капак.

Врз основа на собраните податоци, Русите процениле дека температурата на длабочина од 15 километри би била околу 300 Целзиусови степени и дека нивната машинерија едноставно повеќе нема да работи. Дури и на достигнатата длабочина, карпите се однесувале „како пластика“.

Освен температурата, научниците биле изненадени од откривањето на вода на длабочини за кои се сметало дека се целосно суви, како и од откривањето на микроскопски фосили на длабочина од вртоглави 6,7 километри.

Денес, комплексот е напуштен, но сè уште ги привлекува љубопитните и ентузијастите кои доаѓаат да го видат ‘рѓосаниот капак под кој се наоѓа „најдлабокиот поглед“ на човештвото во внатрешноста на Земјата. Сепак, дупчењето во Кола не беше залудно – им овозможи на научниците низа фасцинантни откритија.

Во 1990 година, Германците исто така дупчеле длабоко во Земјината кора во Баварија. Тие достигнале 9.101 метар и таму измериле температура од 260°C. Бидејќи карпите се однесуваат како течности на овие температури, било невозможно дупката да се одржи проодна, па проектот бил запрен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ