вторник, 28 јули 2026

Киев: Иран е директен соучесник на Русија против Украина

Шефот на украинската дипломатија Андреј Сибиха оцени дека Иран е „директен соучесник во руската агресија против Украина“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Заканите на Иран се неоправдани и неосновани“, напиша Сибиха на социјалната мрежа Икс и додаде дека Иран „е директен соучесник во руската агресија против Украина“.

Иран „нема право себеси да се прикажува како жртва, а камоли да ги оправдува своите закани со апсурдни повикувања на Повелбата на ОН“, оцени украинскиот министер.

Претходно вчера иранските власти го нарекоа нападот на Украина врз ирански брод во Касписко Море опасна авантура и ветија дека сигурно нема да остане без одговор, објави агенцијата ИРНА.

„Тој чин беше целосно нелегален, неоправдан и спротивен на Повелбата на Обединетите нации“, порача Есмаил Багај, портпарол на иранското министерство за надворешни работи.

Техеран тврди дека неколку ирански граѓани биле убиени и ранети во нападот. Министерството за надворешни работи го осуди нападот и побара разговор со вршителот на должноста амбасадор на украинската амбасада.

Багај повтори дека Иран не бил вклучен во војната меѓу Русија и Украина, и покрај обвинувањата на Киев дека ѝ испорачал на Москва беспилотни летала и иранска воена технологија.

Според него, земјите на брегот на Касписко Море се „длабоко загрижени и незадоволни“ од овој напад, за кој Украина ќе мора да „одговара“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ