понеделник, 27 јули 2026

Путин сака референдум за европските амбиции на Ерменија

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на денешниот телефонски разговор со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, инсистирал Ерменија да одржи референдум за евентуално пристапување кон Европската Унија, објави Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ерменија, сојузник на Русија со која дели вековна историја, во последните месеци се сврте кон западните сили под водство на Пашинјан, чија партија победи на парламентарните избори во јуни.

Тоа поместување и изразената амбиција за пристапување кон ЕУ ги затегнаа односите со Москва, која воведе санкции кон Ерменија.

Руските власти го забранија увозот на ерменски земјоделски производи.

Рускиот претседател „ја истакна потребата  што побрзо да се одржи национален референдум за членството на Ерменија во ЕУ“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Пашинјан кажал дека таков референдум е „можен само по поднесување на официјално барање за членство во Европската Унија“, објави кабинетот на ерменскиот премиер.

И покрај неговото зближување со Западот, Пашинјан ја потврди својата желба да одржува силни врски со Русија, која ја смета Ерменија за составен дел од својата сфера на влијание.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ