Годинава на адреса на организаторот пристигнаа над 1.800 документарни филмови, а селекторот Тони Гламчевски за проекција избра 42 етнографски филмови.
„Оваа година ИЕФФ имаше програма што нуди перспектива и што ги менува перспективите. Во овие турболентни времиња, фестивалот создаде простор каде што слободата на создавање, слободата за размислување и слободата на изразување, цврсто се негуваат и бранат преку богатството на филмовите што ги презентира, но и преку дискусиите што ги поттикнаа филмовите“, истакна Гламчевски.
Интернационалниот етнографски филмски фестивал „Илинденски денови“ се одржа со поддршка на Агенцијата за филм, а проекциите се реализираа во кино „Манаки“ на КИЦ Битола и киното на НУ Центар за култура Битола.





