Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна поддршка од Шпанија за европската перспектива на земјата, како и за нејзината посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Унијата.
Муцунски ја нагласи важноста од блиска соработка и координација со Шпанија во претстојните дискусии за иднината на политиката на проширување.
„Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ, паралелно со унапредувањето на практичните форми на постепена интеграција“, истакна министерот.
Воедно, тој го информираше соговорникот за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда и за посветеноста на Владата кон доследно спроведување на европските вредности и стандарди на национално ниво.
Соговорниците ја потврдија важноста од натамошно продлабочување на билатералната соработка во рамките на европските процеси, како и неопходноста од зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување и забрзување на пристапниот процес на земјата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.






