понеделник, 27 јули 2026

Човечки череп откриен кај Подгоречкото Езеро, полицијата отвори истрага

Човечки череп е пронајден во близина на Подгоречкото Езеро, во атарот на селото Лабуништа, недалеку од македонско-албанската граница, по што е започната истрага за утврдување на идентитетот на лицето и околностите под кои останките се нашле на тоа место.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Охрид информираат дека случајот бил евидентиран на 25 јули, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа, при извршување на редовни службени активности, ги забележале човечките останки. Покрај черепот, на местото биле пронајдени и други предмети, кои ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

По извршениот увид, во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и за целосно расчистување на случајот.

Од полицијата засега не соопштуваат повеќе детали за околностите под кои биле пронајдени човечките останки. Истрагата е во тек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ