понеделник, 27 јули 2026

Кокаин скриен под плишано мече пронајден при претрес, приведен 23-годишник (ВИДЕО)

Полициска акција во скопското село Брест резултираше со заплена на поголема количина кокаин и приведување на 23-годишен жител на селото.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Б. (23) од село Брест, скопско.

При претресот, полицијата пронашла и одзела поголема количина кокаин кој бил сокриен под детски плишани играчки , по што лицето веднаш било лишено од слобода и приведено во Полициската станица Гази Баба.

Од МВР информираат дека против С.Б. се постапува поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„С.Б. е лишен од слобода во Полициската станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Истрагата за случајот е во тек, а по нејзиното целосно завршување, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ