понеделник, 27 јули 2026

На Мавровското Езеро се одржа Јадранско-подунавскиот куп во спортски риболов на крап

Од 23 до 26 јули на Мавровското Езеро во органозација Македонска риболовна Федерација се одржа 17. Јадранско-подунавскиот куп во спортски риболов на крап, еден од најреномираните меѓународни натпревари од овој вид во регионот.

Објавено на

часот

Сподели

Јавната установа Национален парк Маврово беше партнер и домаќин на настанот, обезбедувајќи поддршка во неговата организација и реализација.
На Купот настапија 21 екипа од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија, кои во текот на 50-часовниот натпревар, согласно правилата на FIPSed, ги одмерија своите вештини во фер и спортска конкуренција.
Мавровското Езеро уште еднаш ги потврди своите исклучителни природни и спортско-риболовни потенцијали, афирмирајќи го Националниот парк Маврово како препознатлива меѓународна дестинација за одржување на врвни спортски настани и промоција на одржливиот риболов и природното наследство.
На свеченото затворање, директорот на ЈУ Национален парк Маврово, Харис Ибраими, ги додели признанијата на најуспешните екипи, потврдувајќи ја заложбата на Националниот парк за поддршка на манифестации кои придонесуваат за развојот на спортот, туризмот и меѓународната промоција на Маврово.
Златен медал освои УСР „Барица“ – Инџија, Србија, сребрен РД „Мурска Собота“ – Словенија и бронзен „Барфин Лине“ – Бугарија.
Екипата „Спорт Фишинг Сарај“ од Скопје го улови најголемиот крап со тежина од 8,35 килограми.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ