Ookla® е светски лидер во анализа и тестирање на конективноста и е компанија во рамките на Accenture. Speedtest Awards™ се доделуваат врз основа на милиони тестови иницирани од корисниците преку апликацијата Speedtest®, обезбедувајќи независна и реална оценка за нивното искуство.
„Кога инвестирате континуирано, со години, во најсовремена инфраструктура, резултатите се неизбежни. Горди сме што повторно го добивме ова признание бидејќи тоа е уште една потврда дека вложувањето во најсовремената технологија, иновациите и посветеноста на нашите тимови создаваат реална вредност за корисниците. Најголемата мотивација за нас е нивната доверба и токму затоа секојдневно работиме да обезбедиме мрежа на која тие можат да се потпрат – за секој повик, секое видео, секоја порака и секој важен момент од нивното секојдневие“, истакна Маја Милосавлевска Наумовска, главен директор за техника и ИТ.
Супериорноста на мрежата на Телеком е резултат на долгорочната стратегија за инвестиции, модернизација и воведување нови технологии, за што во последниве 25 години се вложени 1,19 милијарди евра.
Денес, 5G мрежата покрива 97,8% од населението со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата, додека најголемата оптичка инфраструктура покрива речиси двојно повеќе домаќинства во Македонија во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно.
Новите Ookla Speedtest признанија уште еднаш потврдуваат дека Македонски Телеком поставува стандарди за квалитетот на мрежата во Македонија, обезбедувајќи врвно дигитално искуство за своите корисници – без разлика дали станува збор за секојдневна комуникација, стриминг на видео содржини, онлајн гејминг или користење на најбрзата интернет конекција.
Комерцијален текст





