Но, Вардар против КуПС покажа дека може да игра на гости подобро отколку дома, па навивачите на македонскиот тим се оптимисти. А таков е и тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани.
„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот“, изјави тренерот Кристијан Фабијани.





