понеделник, 27 јули 2026

Чурлинов беше пред трансфер во Лоџ, нo Погон им го украде пред нос!

Според пишувањата на полските медиуми, македонскиот крилен напаѓач Дарко Чурлинов е на чекор до враќање во полскиот фудбал откако постигна договор со Погон Шчечин.

Објавено на

часот

Сподели

Информациите велат дека тој ќе стави потпис на двогодишна соработка со опција за дополнителна сезона, а официјалната промоција во новиот клуб треба да се реализира во текот на денешниот ден.

Трансфер-драмата имаше неочекуван крај бидејќи Чурлинов претходно беше практично договорен со Видзев Лоџ. Македонскиот репрезентативец уште во саботата престојуваше во Лоџ каде ги допрецизираше деталите со раководството, а клубот дури планираше да го претстави пред навивачите во недела, непосредно пред дуелот против Мотор.

Сепак, во последните моменти од преговорите пристигна значително подобра понуда од Погон. Чурлинов реши да го промени правецот и да ја прифати понудата од Шчечин, каде што веќе допатува за да ги комплетира финалните детали од договорот. Доколку нема непредвидени компликации, тој наскоро и официјално ќе го облече нивниот дрес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ