понеделник, 27 јули 2026

Барал пари, па ја нападнал мајка си со тупаници и ја влечел за коса, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишен скопјанец, осомничен за кривичното дело телесна повреда при вршење семејно насилство врз својата мајка.

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, на 25 јули во вечерните часови осомничениот побарал пари од мајка си. Откако таа му кажала дека нема можност да му даде, тој почнал да ја навредува и да ја обвинува дека не му обезбедила подобар живот.

Ситуацијата потоа ескалирала во физички напад. Осомничениот ја удирал жената со тупаници по главата и телото, ја тресел, ја влечел за косата и ѝ се заканувал дека ќе продолжи да ја тепа секој ден доколку не му обезбеди одредена сума пари.
Поради тежината на делото, претходната осудуваност на осомничениот за слично кривично дело и опасноста од повторување на насилството, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ