Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 25 јули околу 14 часот, а во неа учествувале товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот С.Ш. од село Батинци, и велосипед управуван од М.Ј. (38) од Скопје.
Велосипедист тешко повреден во судир со товарно возило во скопско
Триесет и осумгодишен велосипедист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на патот меѓу селата Сопиште и Горно Соње.
Објавено на
часот
Сподели
Во судирот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.





