понеделник, 27 јули 2026

РФМ ќе го менува системот во Суперлигата, ќе има промени и во Првата лига

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе го смени системот на натпреварување во Суперлигата почнувајќи од сезоната 2027/28, а измена уште од оваа сезона ќе има во Првата лига.

Објавено на

часот

Сподели

Во Суперлигата бројот на екипите ќе остане да биде 12. Регуларниот дел ќе се игра како и досега, ќе бидат одиграни 22 кола, промената е во разигрувањето.

Предлогот е разигрувањето да биде во три групи. Во првата група ќе бидат екипите од прво до четврто место. Тие ќе разигруваат за титулата.

Во втората група ќе се најдат од петто до осмо место кои ќе се борат за европските купови. Додека во третата група ќе бидат од девето до 12 место и тие ќе ја водат борбата за опстанок.

Првата лига ќе има значајна промена од престојната сезона – ќе биде забрането играње на странски ракометари, клубовите ќе мора да се потпрат на домашни сили.

Идејата е македонските ракометари, особено младите да имаат повеќе простор за игра и развој.

Во Првата лига ќе учествуваат 14 клубови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ