понеделник, 27 јули 2026

Продолжено работно време за угостителските објекти во Струга летово

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго од законски предвиденото во летниот период, а за претстојниот продолжен празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа.

Објавено на

часот

Сподели

Ваквата одлука ја донесе Советот на Општина Струга на последната седница, согласно која за викендите и одржувањето на јавни манифестации угостителските објекти наместо до 1, ќе работат до 2 часот по полноќ, додека на 1, 2 и 3 август работното време им е продолжено до 3 часот по полноќ.

„Советот на Општина Струга донесе одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржување на културни, туристички и други јавни манифестации. Согласно одлуката, работното време за 1 час е продолжено на 26, 27 и 28 јули, 5, 6, 7, 9, 13, 14, 15, 26, 28 и 29 август, 8 и 28 септември, 11 и 23 октомври, 1, 8 и 22 ноември и 21 и 25 декември 2026 година“, соопшти Општина Струга.

Целта на таквата одлука, како што наведуваат, е непречено одржување на планираните манифестации, поддршка на туристичката сезона и локалната економија, како и придонес за подобра организација на настаните што ја афирмираат Струга.

„Општина Струга продолжува да создава услови за развој на туризмот, угостителството и културниот живот, почитувајќи ја законската регулатива и интересот на граѓаните“, посочува општинската прес-служба.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ