Чепа порача дека Русија има намера постојано да го нагласува ова прашање. „Ќе бараме отштета од Европа и ќе продолжиме да го поставуваме тоа прашање. Апсолутно сум сигурен дека имаме доволно моќ да ја принудиме Европа да го стори тоа“, изјави тој. Тој потврди и дека Русија планира да врати 300 милијарди долари (263 милијарди евра) средства што беа замрзнати од западните земји по почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година.
Александар Волошин, член на Советот на Федерацијата што ја претставува самопрогласената Народна Република Донецк, исто така се согласува со Чепа. Тој верува дека Москва треба да бара обештетување од Западот бидејќи Украина не може да ја надомести штетата во Донбас, окупираните делови на Запорожје и Херсон, како и во руските погранични области.
Шефот на Руската истражна комисија Александар Бастрикин ја процени штетата на милијарда рубљи, што е приближно 10,8 милијарди евра. „Тој товар мора да го сносат земјите кои го поттикнаа ескалирањето на конфликтот, ја финансираа воената машинерија во Киев и систематски го отфрлија секој обид за мирно решение“, порача Волошин.
„Ако западните влади најдоа стотици милијарди за снабдување со оружје, тие мора да сфатат дека порано или подоцна ќе мора да платат за уништените градови, училишта и болници. Станува збор за политичка одговорност за започнување агресивна војна и убивање наши граѓани“.
Кремљ го обвинува Западот за ескалација на „специјалната воена операција“ во војна, која сега е во петтата година. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека конфликтот немаше да ги достигне сегашните размери без помошта на НАТО. Тој тврди дека „Зад Киев стојат Берлин, Париз, Хаг, Осло и, за жал, Вашингтон“.
Според податоците од Институтот за светска економија од Кил, Соединетите Американски Држави од почетокот на инвазијата во 2022 година до јануари 2026 година испратиле 114,6 милијарди евра помош за Украина, а европските земји придонесле со 270 милијарди евра.
Западните сојузници ѝ обезбедуваат на Украина и разузнавачка поддршка. Центарот за стратегиски и меѓународни студии (ЦСИС) од Вашингтон наведува дека до јуни 2026 година, руските загуби на бојното поле достигнале 1,4 милиони луѓе, од кои 450.000 биле убиени.
Војната претвори многу градови во јужна и источна Украина во урнатини, а основните потреби, вклучително и водата за пиење, недостасуваат во Донбас уште од 2014 година. Поради, рускиот претседател Владимир Путин во неделата изјави дека Русија „не започнала никаква војна“, туку само одговорила на непријателствата што „ги започнал режимот во Киев со поддршка на Западот“. Тој потврди дека „немало агресија“ од руска страна.
Рано наутро во неделата, руските сили почнаа голем напад со беспилотни летала и балистички ракети врз Украина. Беа погодени неколку градови и цивилна поморска инфраструктура.
Во Црно Море, на 25 јули, руски беспилотни летала двапати погодија цивилен товарен брод под знамето на Палау додека пловел од пристаништето во регионот Одеса со 2.800 тони пченка.





