„Ј.А., во својство на директор во општинско основно училиште во 2023 година постапил спротивно на член 40 став 6 од Закон за јавни набавки, односно, и покрај донесениот годишен план за јавни набавки, извршил исплати кон шест правни лица без да склучи договори за меѓусебна соработка и да спроведе постапки за јавни набавки на стоки и услуги. На тој начин причинил штета на буџетот на училиштето во износ од 850.823 денари“, информираат попладнево од СВР Велес.





