Пристигнувањето илегални мигранти по морски пат во првата половина од годинава е намалено за 27 отсто, а само во Егејското Море бројот е намален за 62 отсто. Вкупно, бројот на илегалните влезови во земјата бил помал за 15 отсто.
Намалувањето на бројот на илегалните мигранти се надоврзува на минатогодишниот пад од 25 отсто во споредба со 2024 година, изјави на прес-конференција заменик-премиерот и портпарол на владата Павлос Маринакис.
Истовремено, според неговите зборови, за 21 отсто се зголемил и бројот на репатријации на илегалните мигранти. Од тој процент, бројот на присилните депортации се зголемил за 40 отсто, а бројот на доброволните враќања за 23 отсто.
Грчките власти ги спроведуваат доброволните враќања во соработка со Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Процентот на одобрени барања за азил или друг вид заштита во првата половина од годинава изнесувал 39,7 отсто, во споредба со 58 отсто минатата година и 71 отсто во 2024 година.
Маринакис изјави дека тоа покажува оти Грција доследно ги спроведува пропишаните процедури при разгледувањето на правото на азил.





