понеделник, 27 јули 2026

Го продал автомобилот, па му го украл на новиот сопственик

Во Базел, Швајцарија, 81-годишен маж го продал својот Мерцедес СЛ 350, но го задржал резервниот клуч и шест месеци подоцна решил да го украде автомобилот назад.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Поради тоа, бил осуден на условна казна, парична казна и дополнителна финансиска санкција.

Сè започнало во јуни 2024 година, кога еден постар човек од Базел го продал својот Мерцедес СЛ 350 на купувач од Тервирен, Белгија, за 20.000 швајцарски франци (околу 21.300 евра). Купувачот не бил свесен дека продавачот го задржал резервниот клуч од автомобилот.

Помалку од шест месеци подоцна, непосредно пред Божиќ, поранешниот сопственик отпатувал во Белгија и го украл автомобилот од пред куќата на новиот сопственик.

Се обидел да ја прикрие кражбата

За да ја прикрие кражбата, на автомобилот поставил свои регистарски таблички, ја поништил сообраќајната документација и го одјавил возилото од сообраќај.

Сепак, набрзо бил откриен и изведен пред суд.

Судот во Швајцарија го осуди на две години условна казна, парична казна од 3.600 швајцарски франци и дополнителна парична казна од 1.200 франци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ