понеделник, 27 јули 2026

Вардар со седумте засилувања ги „запали моторите“ за новата сезона

Ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона, во која повторно ќе настапуваат во Лигата на шампионите и ќе ја бранат титулата во домашното првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот тренинг беше одржан во реновираната сала „Расадник“, која во иднина ќе биде новата база на „црвено-црните“.

Екипата предводена од Иван Чупиќ ја отвори летната програма со сите седум летни засилувања. Нови членови на Вардар се Милан Бомаштар, Матео Фадуил, Мохаб Абделак, Леон Љевар, Никола Нечовски, Марио Ѓорчески и Бобан Попоски, кои од првиот ден се приклучија на тренажниот процес.

Во текот на подготовките вардарци најпрво ќе работат во Скопје, а потоа ќе заминат на висински подготовки во Маврово. Пред почетокот на натпреварувачката сезона ќе настапат и на традиционалните турнири во Охрид и Струга, додека кон крајот на август ги очекуваат и првите натпревари во Регионалната лига.

Вардар домашните натпревари од Суперлигата ќе ги игра во салата „Расадник“, со исклучок на дерби средбите, додека европските натпревари од Лигата на шампионите и понатаму ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“. Целта на клубот е одбрана на шампионската титула во Македонија и што подобар настап во европската елита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ