„Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД ‘Српски вез’ во Куманово. Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата“, порача Димитриевски.
Тој нагласи дека Куманово отсекогаш било препознатливо по мултикултурниот дух и соживотот меѓу граѓаните, додавајќи дека ваквите инциденти не ги одразуваат вредностите на градот.
„Куманово отсекогаш бил град на мултикултура и соживот, таков и ќе остане. Ваквите дејствија не се патриотизам, туку чист шовинизам кој подгрева национална нетрпеливост, против која се сите граѓани на Куманово“, истакна градоначалникот.





