„Според нашите разузнавачки информации, тој (Путин) сака да ја зголеми мобилизацијата“, изјави Зеленски за британската телевизија Скај њуз.
Украинскиот претседател кажа дека мобилизацијата нема да биде јавно објавена, бидејќи, како што оцени, рускиот претседател се плаши од реакцијата на јавноста. Тој додаде дека мобилизацијата би можела да започне на почетокот на октомври.
Зеленски ги повика партнерите на Украина да воведат „целосни санкции“ против Москва и да ги зголемат тешкотиите со кои се соочува Русија во секторите за логистика, оружје и снабдување со гориво.
Украинскиот претседател верува дека голем дел од руското општество сè уште е против понатамошна мобилизација и дека многу Руси исто така не ја одобруваат војната, но мнозинството продолжува да го поддржува Путин.





