Трамп и Си седеа еден спроти друг, опкружени со повеќе од десетина мажи, без ниту една жена на масата.
Си-ен-ен наведува дека жените и во Пекинг и во Вашингтон се недоволно застапени на највисоките нивоа на власта, како и дека ниту САД ниту Кина никогаш немале жена на чело на државата.
Во моментов нема ниту една жена во кинеското Политбиро, група од дваесетина високи функционери што ја надгледуваат партијата и централната влада.
Шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, е првата жена на таа функција, но не отпатува со Трамп во Пекинг.
Моника Кроули, шефица на протоколот на Белата куќа, отпатувала во Пекинг, но не присуствувала на средбата со Си.
Во кабинетот на Трамп во моментов има само четири жени, по смените и оставките на три именувани функционерки во последните месеци.






