Турнирот, кој ќе биде заеднички организиран од САД, Канада и Мексико, завршува со финалето во Њу Џерси на 19 јули.
Настапите пред значајни натпревари, како финалето на Лигата на шампионите, станаа вообичаени, но ова ќе биде првото шоу во полувремето на финалето на Светското првенство во фудбал, пренесува Би-би-си.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во март изјави дека полувремето од финалниот натпревар „ќе биде историски момент за Светското првенство, достоен за најголемиот настан во светот“.
Настапите на полувремето станаа главна карактеристика на спортските настани во САД, особено на Супербол.
Мадона беше главна ѕвезда на полувремето на Супербол во 2012 година, додека Шакира ја делеше сцената со Џенифер Лопез во 2020 година.
Минатото лето, ФИФА организираше претстава на полувремето на финалето на Светското клупско првенство, кога Челзи го победи Пари Сен Жермен со 3-0.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.






