петок, 15 мај 2026

Нова војна во Реал: Арбелоа и Мбапе се препукуваат преку медиумите

Реал Мадрид синоќа со 2-0 го победи Овиедо, а Килијан Мбапе во игра влезе во текот на второто полувреме, очигледно тоа не му се допадна на напаѓачот.

Објавено на

часот

Сподели

По крајот на натпреварот, Мбапе пред медиумите го искажа својот револт.

„Арбелоа ми рече дека сум четврти напаѓач, зад Винисиус, Гонзало и Мастантуоно“, рече Мбапе.

Одговорот брзо стигна од Арбелоа кој има поинаква верзија.

„Посакував да имам четворица напаѓачи, немам четворица напаѓачи и не сум му кажал нешто такво на Мбапе. Веројатно погрешно разбрал“, вели Арбелоа.

„Мбапе на клупа? Јасно е дека за мене фудбалер кој не можеше да патува претходниот пат (мечот со Барса), не може веднаш да биде стартер. Не беше ова финале, играме повторно за три дена. Тоа е нормална работа“.

„Додека седам на ова столче, јас сум тој кој одлучува кој ќе игра, а кој не. Не ми е грижа кои се нивните имиња. Ако им се допаѓа, во ред, ако не им се допаѓа, може да го чекаат следниот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ