Авторот на студијата, истражувач од Одделот за Земјени и планетарни науки при Универзитетскиот колеџ во Лондон, Титивут Сетапаниксакул, го нарече овој диносаурус „последниот Титан“ на Тајланд.
„Нема да најдеме повеќе фосили од диносауруси во помладите слоеви на карпи во Тајланд, што го прави овој диносаурус последниот џин од ваков вид што би можеле да го најдеме во регионот“, изјави Сетапаничакул за Еј-би-си њуз.
Научното име на овој диносаурус е Нагатитан чајафуменсис, а името е изведено од Наге, митолошко суштество слично на змија од фолклорот на Југоисточна Азија, додека Титан е еден од 12-те џинови од грчката митологија.
Чајапум е тајландската провинција каде што се откриени оригиналните фосили.
Мештаните во покраината во североисточен Тајланд првпат открија фосили од диносауруси во 2016 година.
Фосилите се вградени во карпеста формација покрај езерото, а истражувачите ископале 10 коски, вклучувајќи ја и коската на предната нога за која се проценува дека е висока речиси два метра.
Тимови продолжија да копаат по докази сè додека снемале средства во 2020 година, објасни Сетапаничакул.
Откако во 2023 година доби грант од Националното географско друштво, тој се здружи со тим истражувачи и заедно започнаа студија.
Научниците од остатоците што ги пронашле утврдиле дека откопале нешто поголемо од кој било претходен вид диносаурус документиран во Југоисточна Азија.
Станува збор за масивен диносаурус за кој се проценува дека тежел приближно 27 тони.
Научниците истакнаа дека Нагатитан чаијафуменсис живеел пред околу 100 до 120 милиони години, за време на креда периодот.






