петок, 15 мај 2026

Митева: Владата покажа едно друго ниво на посветеност

Владата, за разлика од претходната, и покрај наследените проблеми и предизвици и покрај ограничените ресурси, со голем труд и посветеност напорно работи за подобрување на работите во државата. Се уште се санираат штетите, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ.

Објавено на

часот

Сподели

„Навистина успеавме да покажеме огромна разлика, затоа што ресурсите се многу ограничени и заради тоа што исклучително голема труд и посветеност е потребна за да можете да ги поместите работите“, рече Митева.

Таа посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја движи државата во правилна насока, а за тоа показател се анкетите кои и покрај две години власт, со добра консолидација и посветеност рејтингот на владејачката партија има значителен пораст.

„Сериозни се инвестициите коишто ги направивме во инфраструктурата, со образовни политики, индикаторите коишто ги имаме во делот на економијата каде што од еден слободен пад ние дојдовме до 6 квартали каде што имаме раст на БДП од 3,5%. Ние имаме сериозни инвестиции во делот на дигитализацијата каде што е тесно поврзана со она искоренување на корупцијата во институциите или во јавната администрација, имаме сериозни инвестиции во делот на социјалната политика, сериозни инвестиции имавме во општините во оној регионален развој којшто го направивме со оние 250 милиони коишто ги поделивме се со цел да се развијат општините, имавме сериозни инвестиции во делот на бизнис секторот на компаниите“, рече Митева.

„Успеавме да направиме добра консолидација, успеавме навистина да покажеме едно друго ниво на посветеност и работа во рамки на институциите и една сериозност којашто навистина граѓаните мислам дека ја ценат. Незалудно се оние анкети каде што поддршката на владејачката партија има навистина пораст дури и по две години владеење, и верувам дека тоа ќе се одрази и на изборите затоа што на крајот од денот граѓаните таму одлучуваат дали се задоволни од работата која што ја правите или не“, рече Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ