сабота, 16 мај 2026

Операта „Тоска“ на програмата на 54. Мајски оперски вечери

Во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, денеска на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот ќе биде изведено ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, едно од најпознатите и најизведувани дела во светската оперска литература.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде што секој момент носи нова неизвесност.

Насловната улога ќе ја игра Марија Јелиќ од Србија, а во екипата се и солисти од Бугарија, Италија и од Националната опера и балет.

„Музиката на Пучини ја води драмата со неверојатна енергија, создавајќи атмосфера што ја освојува публиката уште од првиот тон. Во свет полн со брзи моменти и секојдневен хаос, ретки се вечерите што навистина оставаат впечаток. Ова е токму такво искуство – спектакуларна сценографија, оркестар во живо и приказна што со генерации ја одушевува светската публика“, соопшти НОБ.

Режисер е Огњан Драганов од Бугарија, диригент Марчин Наленч Њешјоловски од  Полска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ