недела, 17 мај 2026

Во Врање досега се вакцинирани 8.036 македонски државјани и со втора доза

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти порталот Југпрес, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Македонија со првата доза е 11 540, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е 6 граѓани.

Бројот на граѓани на Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 8 306 и 7 државјани на Република Босна и Херцеговина.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27 669, додека со втора доза се вакцинирани 27 117 српски државјани.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ги добиле вакцините на Фајзер, Спутник В и Астразенека.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ