„Со кампањата ‘Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во Lidl секој има можност да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и почит кон секој поединец. Нашата цел е долгорочно да инвестираме, да создаваме нови можности за вработување и да бидеме сигурен, професионален и одговорен партнер на државата, институциите и граѓаните“, велат од Лидл Северна Македонија.
Компанијата моментално обезбедува стабилни работни места за повеќе од 400 вработени, со јасен фокус на професионален развој, фер услови за работа и долгорочна сигурност. Лидл нуди структуриран процес на вработување, како и сеопфатни обуки за сите нови вработени, кои траат од 6 до 8 недели и овозможуваат стекнување практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи. Работењето во Лидл (Lidl) се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа претставува клучен фактор за успех и долгорочен развој.
Како дел од една од водечките европски малопродажни компании, која работи во повеќе од 30 земји, Лидл своето работење го темели врз високи професионални стандарди, интегритет и целосно почитување на локалното законодавство, институциите и сите важечки регулативи. Влезот на Лидл во Македонија е резултат на внимателно планиран и транспарентен инвестициски процес, реализиран во партнерство со релевантните институции и согласно сите пропишани процедури. Компанијата работи транспарентно и одговорно, со одлична соработка со институциите на централно и локално ниво секаде каде што Лидл има свои инвестиции низ државата, почитувајќи ги сите законски и административни процедури во процесот на своето работење и инвестирање во земјата.
Лидл гледа на македонскиот пазар долгорочно, а од почетокот на своето работење во земјава инвестираше повеќе од 200 милиони евра во развојот на современа малопродажна и логистичка инфраструктура. Лидл ќе отвори маркети низ целата земја како дел од својата стратегија за економија на обем и како во другите земји каде што работи, ќе овозможи понуда со највисок квалитет по пристапна цена. Логистичкиот центар во Куманово е најголем логистички центар на Лидл на Балканот, а со таква современа и развиена инфраструктура Лидл ќе овозможи секој ден понуда на свежи продукти за нашите потрошувачи секаде низ државата.
Покрај отворањето нови работни места, Лидл активно придонесува и за развојот на домашната економија преку соработка со македонски производители и поддршка на извозот на домашни производи на европските пазари. Во 2025 година извозот на македонски производи преку мрежата на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што претставува значителен раст во споредба со претходните години и конкретен придонес кон домашното производство и извозниот потенцијал на земјата.
Особено значајно е што преку соработката со Лидл, македонските компании добиваат пристап до европските пазари, можности за зголемување на производството, унапредување на стандардите и долгорочен развој на своите капацитети. Компанијата останува посветена на понатамошно зајакнување на соработката со домашните производители и добавувачи, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
Компанијата останува фокусирана на понатамошен развој на своето работење во земјата, отворање нови работни места, поддршка на домашната економија и обезбедување квалитетни производи и услуги за потрошувачите во Македонија.
Комерцијален текст






