недела, 10 мај 2026

Со алармни системи и камери низ училишта Штип ќе се справува со вандализмот

По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видео надзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел да дополнително да се превенира против ваквите девијатни појави. Во ова училиште беа уништени смрт табли, компјутери, надгледни средства, а имало обид и да се поплави еден од катовите.

Објавено на

часот

Сподели

„Видео надзор имаме на сите образовни институции, но дополнително за да се превенира и да се полесно идентификува и лоцира проблемот потребно е да бидат лоцирани алармни системи кои ќе сигнализираат и ќе овозможат да се спречи во иднина девијантна појава како што имавме во ООУ ‘Ванчо Прке’“- вели Јорданов.

 

Тој најави дека против ваквите вандалски појави низ градот ќе се постават и 190 безбедносни камери, а ќе бидат поставени пред институции, низ централното градско подрачје, пред училиштата и градинките, како и низ парковите.

„Тоа што го планираме е и на јавните површини, на голем дел од пристапите до самите институции ќе се постват безбедносни камери кои верувам дека ќе служат на СВР-Штип, кога имаме ваков инцидент за полесно да се утврди сторителот и да се санкционира“, изјави градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

За да се подигне свеста кај малолетниците за одговорно однесување, во наредниот период покрај техничките мерки, ќе се организираат обуки и работилници со родителите, наставниците, учениците. Целта е психолози и педагози да разговараат со сите, но  ќе зборуваат и за последиците од девијантното однесување и како тоа може да влијае врз нивниот живот.

Во училиштето „Ванчо Прќе“ се санирани и ова е прв ваков упад во едно штипско училиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ