недела, 17 мај 2026

Автомобил влета меѓу пешаци во Италија, осуммина повредени (ВИДЕО)

Осум лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба, откако возач во центарот на италијанскиот град Модена прегазил пешаци, а потоа се обидел да избега, но минувачи го спречиле до доаѓањето на полицијата, пренесуваат локалните медиуми.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила во една од најпрометните области на историскиот центар на градот.

Автомобил ситроен Ц3, кој доаѓал од областа Ларго Гарибалди, удрил во група пешаци. Возачот, кој и самиот бил повреден во несреќата, потоа тргнал да бега пеш, а според наводите, избол некого со нож.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ќе отпатува во Модена, еден ден по инцидентот во кој автомобил влета меѓу луѓе и повреди неколку лица, соопштија владини извори, додавајќи дека поради патувањето го откажала состанокот со кипарскиот претседател во Никозија.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела исто така ќе отпатува во северниот италијански град, додаваат изворите.

Напаѓачот е триесетгодишен маж, идентификуван како Салим ел Кудри, роден во Италија и со мароканско потекло.

Мажот се обидел да избега, а со нож повредил еден од тројцата минувачи што се обиделе да го запрат.

Полицијата подоцна го уапсила.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како Лука Сињорели, граѓанин што случајно се затекнал на местото на настанот и кого ел Кудри го повредил за време на борбата, заедно со уште неколку минувачи што му притрчале на помош, го совладале напаѓачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ