недела, 17 мај 2026

Обвинителството бара притвор за 19-годишникот осомничен за убиство на врсник, нареди обдукција на телото на убиеното момче

Во однос на убиството на 18-годишно момче од скопско Бојане во околината на Сарај, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото, соопштија од Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството се сомнева дека кривичното дело убиство го извршил 19-годишник од истото село, кој е веќе уапсен.

„Но, имајќи предвид дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик осомничениот да изврши друго кривично дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерка краткотраен притвор од 48 часа до обезбедување на сите докази и формално отворање на истрагата“, информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ