Според податоците од Министерството, досега во земјата се ревакцинирани 267.106 граѓани, а аплицирани се 713.114 дози вакцини.
Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 58 отсто од населението над 70 години, 55 проценти од лицата над 65 години, 50 отсто над 60 години и 40 проценти од оние над 50 години.
Од Министерството велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација и апелираат до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе се победи вирусот.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктови низ државата, а процесот на теренска вакцинација се одвива на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.
Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.






