вторник, 5 мај 2026

По 6 месеци на ИСС, четирите астронаути на Спејсекс се вратија на Земјата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тие во април пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ИСС), каде што останаа закачени цело ова време. Леталото бавно кружеше во орбитата речиси девет часа пред да слета во Мексиканскиот залив во понеделникот.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=54idmJ9ODcM autoplay:0]

Во вселенското летало Спејсекс беа Шејн Кимброу и Меган Мекартур на НАСА, францускиот астронаут Томас Песке од Европската вселенска агенција и Акихико Хошиде од Јапонија.

„Прекрасно е да се вратите на Земјата“, можеше да се слушне како вели Кимброу неколку моменти откако слетаа на Земјата.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=n0T_G15P8fk autoplay:0]

За време на нивниот престој во вселената, Кимброу, Мекартур, Песке и Хошиде надгледуваа голем број научни експерименти, па дури и ги тестираа првите лути пиперчиња одгледани во вселената.

Правеа и вселенски прошетки – во кои ги облекуваа легендарните надуени бели вселенски костуми за да излезат од вселенската станица и да работат на нејзината надворешност – и претрпеа и неколку мачни предизвици, како што е застојот од палењето на новиот руски модул, кој се прикачи на ИСС и накратко ја исфрли од позиција.

Патувањето до дома беше последниот предизвик: проблемите со тоалетот на капсулата Кру драгон на Спејсекс ги остави астронаутите без опција за бањање додека патуваа дома. Наместо тоа, екипажот беше принуден да менува „долна облека“ – во суштина пелени за возрасни – за време на деветчасовното патување.

На прес-конференцијата одржана од далечина од ИСС во петокот, Мекартур рече дека користењето долна облека наместо тоалети е „неоптимално“.

„Но ние сме подготвени да се снајдеме“, рече таа.

„Вселенскиот лет е полн со мноштво мали предизвици. Ова е само уште еден на кој ќе наидеме и ќе го средиме во нашата мисија, така што не сме премногу загрижени за тоа“.

Кимброу, Мекартур, Песке и Хошиде се вратија на Земјата пред следниот екипаж астронаути да успее да стигне до ИСС за да ги замени.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=KmMPsrUC-LY autoplay:0]

Следното лансирање е одложено

Целта на партнерството на НАСА и Спејсекс за нивните заеднички управувани мисии на ИСС е да се задржи 21-годишната вселенска станица во полна сила, максимално искористувајќи ја орбиталната лабораторија додека е во функција.

Одржувањето доволен број астронаути беше постојан притисок за НАСА речиси 10 години бидејќи Соединетите Држави немаа вселенско летало способно да ги носи астронаутите во орбитата. Откако таа вселенска агенција ја повлече програмата Спејс шатл, мораше да се потпре на партнерството со Русија и државното вселенско летало Сојуз за да ги носи астронаутите на НАСА во вселенската станица.

Следното лансирање астронаути на Спејсекс, наречено Кру-3, е одложено – прво поради временски проблеми, а потоа и поради „помал медицински проблем“ со еден од астронаутите. НАСА минатата недела соопшти дека очекува медицинскиот проблем да се реши пред полетувањето, што би можело да се случи веќе в среда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ