вторник, 5 мај 2026

Одложено враќањето на Американците на Месечината

Објавено на

часот

Сподели

НАСА го чекаше решението на правниот спор во врска со развојот на системите за спуштање на Месечината за да го објави новиот временски план.

„Поради спорот изгубивме седум месеци и така веројатно го одложивме првото слетување на луѓе најрано до 2025 година“, рече Бил Нелсон на конференцијата за печатот.

„И од други причини“, додаде тој.

Рокот за 2024 година го одреди администрацијата на Доналд Трамп, но тој беше „технички неизводлив“, истакна Нелсон.

Покрај тоа тој го критикуваше недостигот од средства за развој на системите за слетување на Месечината што ги издвојуваше Конгресот во последниве години.

Истовремено објави дека сега „можниот термин на полетувањето“ на мисијата Артемис 2, која е прва во рамките на програмата со астронаути, но нема да слета на Месечината, е „мај 2024 година“.

Оваа втора мисија, која беше планирана за 2023 година, „ќе оди најдалеку до каде што некогаш дошол човекот“. „Веројатно речиси 65.000 км зад Месечината, а потоа ќе се врати на Земјата“, рече Бил Нелсон.

Артемис 1, првата пробна мисија на Месечината без астронаути, најавена е за февруари 2022 година, како што беше планирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ