Претходното најдолго помрачување се случи во 2018 година и траеше еден час, 42 минути и 57 секунди.
Делумно помрачување на Месечината се случува кога Земјината сенка не ја покрива целосно Месечината. Во овој случај, 97% од површината на Месечината ќе бидат покриени.
Во 21 век, меѓу 2001 и 2100 година, ќе има 228 затемнувања на месечината – во некои години ќе има по две, а во некои години три или дури четири.
Помрачувањето на 19 ноември ќе биде второ оваа година, по целосното помрачување во мај 2021 година. Повеќето помрачувања траат помалку од два часа.
НАСА објави дека во живо ќе го пренесува помрачувањето на месечината. На овој линк може да го следите помрачувањето што се случува вечерва во седум часот по средноевропско време.
НАСА објави дека доколку временските услови го дозволат тоа, помрачувањето ќе биде видливо од Северна и Јужна Америка, Источна Азија, Австралија и Пацификот.






