понеделник, 27 април 2026

Кин влезе и му подари победа на Наполи, Јувентус со само еден бод по три кола (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус има смао еден бод по три кола, вечерва избраниците на Алегри загубија на гостувањето на „Диего Армандо Марадона“.

„Старата дама“ добро го почна натпреварот и поведе со голот на Мората по десет минути игра, но прикажа премалку во продолжението, особено во второто полувреме.

Наполи силно притисна и стигна до изедначување во 57. минута. Инсиње биеше од работ на шеснесетникот, Шчесни реши да фаќа место да боксува, топката му падна од раце а Политано најдобро се снајде и погоди за 1-1.

Пресвртот се случи на пет минути пред крајот, Моизе Кин само што влезе во игра реагираше неспретно по еден корнер, за малку ќе го матираше Шчесни, но откако голманот одбрани, Кулибали ја затресе мрежата за 2-1.

Нашиот Елиф Елмас беше стартер, одигра 45 минути и беше повлечен од игра на паузата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ