Во несреќата тешки телесни повреди добиле сопатникот од патничкото возило „бмв“, Ф.М. и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ Е.Б. (23), додека со телесни повреди завршиле 23-годишната Е.А. и другите сопатници Ф.Х. (21) од село Кондово, скопско, З.И. (22) од Скопје и Џ.Ф. (22) и Б.А. (18), двете од село Раовиќ, скопско, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и во јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Седуммина повредени во сообраќајка на скопската обиколница
Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, на клучката за Приштина, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А. (23) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ќ.(22) од село Грчец, скопско.

Објавено на
часот





